Dance studio New Generation со одличен настап на светското првенство во Полска
Танц студиото New Generation учествуваше на 23-то Светско првенство во модерни танци што се одржа во Полска, под покровителство на Светската интернационална федерација IDF. Настанот беше вистински празник на танцот, со неверојатен професионализам и најдобрите танчери од целиот свет на едно место.
Ивана Богојевска постигна одличен резултат, освојувајќи 6. место во стрит денс, во силна и бројна конкуренција од најдобрите финалисти.
Оливер Богојевски беше дел од жирито на натпреварот, судејќи во категориите хип-хоп, стрит, фантази и други модерни танци, а воедно доби и признание за најдобар судија на Светското првенство, како и признание за тимската работа со своите колеги од меѓународното жири.
Овој успех претставува нова страница во историјата на студиото, но и горд момент за Прилеп и за Македонија.
New Generation уште еднаш покажа дека страста, трудот и љубовта кон танцот секогаш водат кон светски успеси!



