Тениските јуниори од Европа во Битола
Во организација на Тенискиот клуб „Битола“, во периодот од 28.05 до 01.06.2024, во Битола се одржа Европскиот тениски турнир за јуниори до 14 години „BITOLA OPEN 2024”. Во име на Општина Битола, како поддржувач на клубот, наградите на победниците на турнирот во машка и женска конкуренција им ги доделија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и советниците Бојан Бојкоски и Зоран Петковски.
Во финалето за девојки се сретнаа Изабел Арабарко (АРГ) и Џастин Фуш (ФРА). Аргентинката славеше убедливо со 6-0, 6-0. Машкото финале беше српски дуел меѓу Андрија Саџаковиќ и Лука Костиќ. Костиќ го освии пехарот после неизвесен меч со резултат 7-5, 7-6
Фото: Општина Битола