|

12 врвови над 8000 метри – Хималајските подвизи на Проф. д-р Сашко Кедев

На 14 декември 2024 година, во Големата сала на Филхармонија на Македонија, Проф. д-р Сашко Кедев одржа инспиративна презентација за своите хималајски експедиции. Пред бројната публика, Кедев ги сподели своите искуства од искачувањата на некои од највисоките врвови на светот, вклучувајќи 12 врвови над 8000 метри.

Презентацијата беше проследена со неверојатни фотографии и драгоцени совети за планинарите. Кедев истакна дека планинарењето не е само физички подвиг, туку и внатрешен процес на надминување на сопствените граници.

Дополнително, посетителите имаа можност да ја ги видат фотографии од неговите експедиции, која беше дел од настанот. Презентацијата беше голема инспирација за сите љубители на планинарењето, а бесплатниот влез привлече голем број заинтересирани.

Настанот остави силен впечаток и за многумина претставуваше почеток на нивниот пат кон нови планинарски предизвици.

  • Ова година Кардиологот Сашко Кедев, заедно со интернационална екипа, успешно го искачи врвот Шишапангма во Кина. Врвот, со висина од 8.027 метри, е дел од планинскиот масив Хималаи и се наоѓа во регионот на Тибет. Ова му беше 12. врв повисок од 8.000 метри што Кедев досега го има освоено, само годинава ги искачи и Макалу, Лоце и Гашербрум 2.

Слични Објави