|

Градот Крушево по втор пат на кориците на меѓународно реномираното списание ,,Супербренд”

„Само успехот некои не можат да ти го простат, но наше е да работиме, оставиме траг и печат дека Крушево станува вистински ,,Супербренд”, прва општина во нашата држава која добива вакво меѓународно заслужно признание по втор пат од областа и развојот на туризмот. Ова признание е мотив повеќе да работиме и да придонесуваме за нашите сограѓани, за нашата општина Крушево“, истакна градоначалникот на Крушево Томе Христоски.

За да се биде на насловите на познати светски списанија и да се биде на листите од истражувањата каде 85% од вкупниот број туристи кои сакаат алтернативен, спортски, селски или еколошки туризам, го посетиле Крушево, за сето тоа потребно е посветена работа на општинскиот тим со добар менаџер како што е градоначалникот Томе Христоски.

Радува сознанието дека и градоначалникот и општинскиот тим се свесни дека порастот на туристичките посети бара квалитетно решевање на локалните проблеми, но тука веќе малите „проектчиња“ не играат голема улога, туку е потребно опсежно општинско планирање и „здрави“ проекти, што значи и државни пари и добра наплата на таксите и даноците.

Започнати се проекти, кои „заспаното“ и исселено Крушево ги чекаше многу години и сигурно целата македонска јавност би била изненадена од фактот дека Крушево нема ниту ефикасна водоводна мрежа и доволен довод на квалитетна вода за пиење, ниту посолидна комунална и патна инфраструктура, ниту доволно проодни и опремени улици.

Рековме дека луѓето и проектите се основниот капитал на секоја општина, па радуваат информациите дека во Крушево веќе има изготвено значајни инфраструктурни проекти, од кои некои се веќе во реализација, а некои се во фаза на изготовка. Недостатокот на проекти, планови и техничката документација, многу општини „ги завиле во црно“ а Крушево излезе од таквата опасност, преку проактивното планирање, кое секако немаше да се случи да немаше активно младинско, граѓанско и НВО учество, кое ги приближи до странските грантови.

Активностите кои ги спроведува општината резултираат со се поголемата посетеност од страна на домашните и странски туристи. Според анкетите кои се направени на национален и локален репрезентативен примерок за Крушево во 2023 година. Околу 85% од вкупниот број туристи кои сакаат алтернативен, спортски, селски или еколошки туризам, го посетиле Крушево.  Главни причини за посета на Крушево се наведуваат рекреација (59%), одмор (27%), односно 21% поради одреден настан (случување). Останати причини поради кои домашните туристи го посетуваат Крушево (пријатели/фамилија, планинарење, за работа (службено), етно туризам, скијање и непланирана посета на поминување) учествуваат од 8% до 16%. Странските туристи најмногу доаѓаат за параглајдерство (90%) и планински туризам (41%), додека домашните туристи најмногу доаѓаат за планински туризам (70%), зимски туризам (67%) и посета на историски знаменитости (65%).

Добар градоначалник нема да „заседне во своите успеси“, туку ќе гледа 10 години пред другите, користејќи ги сите прилики за финансирање на општинските проекти,. Само активната транспарентност и постојаната комуникација со граѓаните, како и пристапот до добри планери и визионери од универзитетите и граѓанскиот живот, кои ќе ги „пумпаат мускулите“ на Крушево.

Крушево е, сепак, на самиот почеток на својата слава и подобар живот на граѓаните, па редно е да му посакаме успех на општинскиот тим и многу посовесен пристап на деловниот сектор кон имотот и функционирањето на општината.

Слични Објави