„Чиста куќа“ во „нова“ куќа! – Премиера на НТ„Војдан Чернодрински“ – Прилеп (видео)
Денес во фоајето на НУЦК„Марко Цепонков“ се одржа прес конференција пред премиерата на најновата претстава на прилепскиот театар, „Чиста Куќа“ во режија на Тамара Стојаноска.
Претстава работена во исклучително специфични услови, после затворањето на на трите згради за културни манифестации, домот, театарот и киното.
Со оваа премиера се враќа во употреба зградата на НУЦК„Марко Цепенков“, а театарот ќе ја користи се до наоѓање трајно решение за затворената театарска зграда:
Управителот на театарто Михајло Миленкоски исклучетелно емотивно го опша процесот и се заблагодари прилепската публика, големиот интерес за оваа претстава.
За Тамара Стојаноска, ова е седма професионална претстава, но прва во национална институција.Исклучително внимателно ја бирала актерската екипа да биде составена од креативни и пред се добри луѓе
Даниела Иваноска,актерка во прилепскиот театар изјави дека и покрај сите предизвици и чудното чувство од пробите во различна зграда сепак најважното е дека имаат нова претстава.
Покрај Даниела Иваноска, играат и Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски
Премиерата е во сабота на 31 мај. во 20 часот на големата сцена во домот на култура марко цепенков.



