Претставени мерки за намалување на детската сиромаштија во Македонија
Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од УНИЦЕФ, ги претстави резултатите од анализата и препораките за политики за воведување на Европската гаранција за децата во Македонија. Настанот доаѓа во критичен момент, кога 32% од децата живеат под националниот праг на сиромаштија, а 40% се соочуваат со мултидимензионална сиромаштија. Предложениот пакет на услуги…


