ССМ: Третина од работниците во Македонија преживуваат со плата под 30.000 денари
Во Македонија во мај 2025 година биле евидентирани 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од нив, дури 374.045 или 73,3% земаат плата под просечната, додека само 26,7% или 135.915 работници успеваат да стигнат над таа граница. Според ССМ, најзагрижувачки е фактот што 169.082 работници – односно…



