Бугарин осуден 5 години затвор, за измама на кумановка
Основниот суд во Куманово ја изрече пресудата против 60-годишниот Предраг Миленков за измама на 66-годишната кумановка. Тој, со помош на други непознати лица, ја довел жената во заблуда и ја измамил за 30.000 евра, тврдејќи дека треба да плати за да ја ослободи својата ќерка од затвор по наводна сообраќајна несреќа. Судијата Саша Ѓорѓевиќ ја нагласи сериозноста на ова кривично дело, посочувајќи дека не само што е одземен значителен имот, туку е сериозно нарушена приватноста и емоционалната состојба на семејството. Миленков е осуден на казна затвор од четири години и десет месеци, а дополнително, по истекот на казната, ќе биде протеран од државата. Обвинетиот има право на жалба.