|

Јавен повик за субвенции за ПВЦ и алуминиумска дограма

  • ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВЕНА И МОНТИРАНА НОВА ПВЦ ИЛИ АЛУМИНИУМСКА ДОГРАМА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2025 ГОДИНА – АПЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА ЕЛЕКТРОНСКИ

Со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата преку замена на старата, дотраена и енергетско неефикасна дограма (дрвена) со нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на територија на Општина Битола, на барателите за надоместување на дел од трошоците за набавка и монтажа на нова ПВЦ или алуминиумска дограма, Општина Битола ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 30% од вредноста, но не повеќе од 30.000,00 денари.

Потенцијални добитници на надоместок се единствено лицата со живеалиште во Општина Битола кои имаат набавено и монтирано нова ПВЦ или алуминиумска дограма во периодот од 24.03.2025 дo 07.04.2025 година во живеалиштето согласно важечката лична карта и кои ќе апицираат на електронскиот систем.

На јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола, а аплицирањето ќе се спроведи преку следниот линк https://subvencii-bitola.com/.

Јавниот повик трае од 24.03.2025 година до 07.04.2025 година,  а аплицирањето ќе се извршува по завршување на јавниот повик, односно од 08.04.2025 од 08:00 часот до 14.04.2025 година до 15:30 часот.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок по oвoj Јавен повик а рангирањето на барањата ќе се врши по принципот „прв аплицирал прв услужен”.

Повеќе информации за јавниот повик достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/dograma-domakinstva/.

Модулот за електронски постапки за субвенции, по барање на Општина Битола е изработен и ќе биде овозможен и управуван од страна на „Јавен адвертајзинг“ – Битола, од чија страна во текот на оваа недела ќе биде изработено и објавено и видео упатство за олеснување на постапката при аплицирање од страна на граѓаните.

Слични Објави