БРЗ ПОЛАДЕН ВОЗДУШЕН БРАН ЌЕ ПОМИНЕ НАД МАКЕДОНИЈА
Пред нас е брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад. Денес во претпладневните и во раните попладневни часови времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради падот на температурите во северозападните и во северните високи планински предели (над 1800/1900 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег.



