(видео) Познати добитниците на општинските награди „3-ти Ноември“ во Прилеп
Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Општина Прилеп ги соопшти добитниците на традиционалните општински награди и признанија што се доделуваат по повод празникот „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Награда за животно дело
Високото признание „Животно дело“ годинава им се доделува на:
- Рубенс Корубин, основоположник на неоромантизмот во светски рамки;
- Јове Мадгески (постхумно), за особен придонес во развојот на прилепскиот фудбал.
Награди – плакети
По повод празникот, плакети се доделуваат на:
- МИКРОСАМ Прилеп – по повод 35 години успешно постоење и технолошки развој;
- Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп – за јубилејни 75 години постоење;
- НВО „Hand Till Hand“ од Кралството Шведска – за хуман и општествен ангажман во здравствената заштита;
- Интеракт клуб Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп – за промовирање на солидарноста и хуманоста кај младите;
- Извиднички одред „Феникс“ – по повод јубилејни 10 години активна работа и граѓански ангажман.
Награда – диплома
:
- Елизабета Митреска – за особен придонес во новинарството
- Петре Кироваков – поет и активист во Здружението за протерани макеонци од егејскиот дел на Македонија
- д-р Биљана Консулоска Гвероска – автор на научни публикации од областа на земјоделството, акроекологијата и тутунопроизводството
- Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард
Одлуката за доделување на наградите е донесена на седница на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, одржана на 27 октомври 2025 година.



