Борба без крај – Дивите депонии во Тризла повторно никнуваат по секое чист

Комуналец исчисти три диви депонии во Тризла, но проблемот со несовесното фрлање отпад останува

Екипите на ЈКП „Комуналец“ денеска исчистија три диви депонии во населбата Тризла, продолжувајќи ги активностите за отстранување на нелегално депонираниот отпад и подобрување на хигиената во градот.

Најголеми количини отпад повторно се отстранети од две локации на улицата „Тризла“, како и долж Дабничкиот канал, кај мостот во близина на касарните. Станува збор за место кое, според Комуналец, се чисти најмалку еднаш месечно, но и покрај редовните интервенции, несовесни граѓани повторно фрлаат отпад на истата локација.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да покажат поголема одговорност и да не создаваат нови диви депонии, бидејќи нивното отстранување бара дополнителни средства, време и ангажман на екипите.

Акцијата за расчистување продолжува и утре, кога е планирано чистење на уште една поголема дива депонија кај сушалните, односно на просторот кај старото место за пазар.

Во Комуналец потенцираат дека одржувањето на чиста животна средина е заедничка обврска на институциите и на граѓаните, а само со одговорно однесување може трајно да се реши проблемот со дивите депонии

Слични Објави