Одлука за отпочнување со работа на новата детска градинка во населбата Точила – ,,Бајка”!
Денеска се одржи 50тата Седница на Совет на Општина Прилеп, во продолжение одлуките кои беа донесени на оваа седница.
Донесена е Одлука за отпочнување со работа на новата детска градинка во населбата Точила – ,,Бајка”!
На дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Прилеп беше донесена одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година.
Советниците исто така дадоа согласност за предлог-одлуката за прифаќање на донација од Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од с. Алинци, Прилеп, која што се состои од реконструкција на спортски игралишта и детски паркови на територијата на општина Прилеп.
Во рамките на денешната седница беа усвоени и предлог-одлуките за давање согласност за програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Блаже Конески’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение, на ООУ ,,Рампо Левката’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение, а беше усвоен и извештајот за работа на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп за 2023/2024 година, како и годишна програма за работа на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’–Прилеп за 2024/2025 година.
Воедно советниците дадоа согласност и за предлог – измените и дополнување на решение за именување членови на Советот кои присуствуваат при склучување на бракови во Прилеп, МК Плетвар, МК Тројаци и МК Старо Лагово.
Советот на Општина Прилеп денес донесе одлука за отпочнување со работа и вршење на дејност на новиот објект во Прилеп, во состав на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп односно донесе одлука за давање на трајно користење, одржување и управување на објектот ,,Бајка“ на општинската установа детски градинки ,,Наша Иднина” Прилеп.
Советниците ја изгласаа и одлуката да 25 деца Роми, на возраст од три до шест години, бидат ослободени од партиципација за користење на услугите на ЈОУДГ “Наша иднина“ – Прилеп, од 2024 до 2025 година, како дел од проектот “Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во ЈОУДГ „Наша иднина“- Прилеп“.
Исто така во една од дополнителните точки советниците изгласаа и предлог- одлука за доделување на хуманитарна помош на малиот Никодим од Прилеп.
Седниците од советот на општина Прилеп можете да ги следите на: https//www.youtube.com/@opstinaprilep