|

СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека врз основа на Одлука на Советот на Општина Прилеп, бр. 07-1144/6 од 06.05.2009 година улиците:

„Јане Сандански“ –цела, ул. 8 Март- цела и ул. „Републиканска“ од постоечката пешачка зона до спој со ул. „Херој Карпош“,

се именувани во пешачка зона и за таа цел оваа одлука треба да се почитува со следната временска рамка за достава на роба: за потреба на деловните објекти кои гравитираат: Од 07-09 часот наутро и 17-19 часот навечер.

Слични Објави