РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА НИКО ФУНДАЛИ – ОПШТИНА БИТОЛА
Започнаа теренските активности за реконструкција на дел од улицата „Нико Фундали“.



Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација која го координира проектот, извршен е увид во вчершните изведбени активности, кои опфаќаат отстранување на стариот асфалтен слој.



Реконструкцијата започна од спојот со улицата „Север-Југ“ на исток, до спојот со улицата ”Тошо Даскало” на запад, со вкупна должина од 340.70 метри, а ќе биде опфатена мешовита канализација, водоводната мрежа и целосна реконструкција на постоечката коловозна лента со реконструкција на тротоарите.



