(видео) „МАЛИ СРЦА, ГОЛЕМИ БОРЦИ!“ – ПОРАКА ОД V-3 ОДДЕЛЕНИЕ ПРИ ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – ПРИЛЕП

По повод 17 Ноември – Светскиот ден на предвремено родените деца, учениците од V-3 одделение при ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп испратија порака исполнета со љубов, поддршка и надеж за сите мали борци и нивните семејства.

Со виолетови срца и искрени пораки, тие потсетија дека зад секое предвреме родено дете се крие приказна за храброст, истрајност и голема животна сила.

Овој ден е посветен и на семејствата кои минуваат низ предизвиците на предвременото раѓање, но и на медицинските лица кои секојдневно се грижат за најмалите борци.

„Нашите срца чукаат за вас! Додека чука срцето, постои надеж!“ – порачуваат учениците.

Активноста е реализирана под менторство на одделенскиот наставник Весна Арсиќ.

Слични Објави