|

Уште два дена за пријавување на хуманитарниот турнир во табла

Организаторите на хуманитарниот турнир во табла ги потсетуваат сите љубители на оваа игра дека пријавувањето трае до четврток, 12 ноември.

Во петок, 13 ноември, ќе биде направен распоредот на натпреварувачите, кој ќе биде објавен на профилот на организаторите. Сите пријавени учесници дополнително ќе бидат известени телефонски за времето на нивниот настап и групата во која ќе играат.

Организаторите апелираат заинтересираните да не го чекаат последниот ден за пријавување и ги повикуваат да бидат дел од настанот, кој покрај натпреварувачкиот дух, има и хуманитарен карактер, но и можност за дружење и создавање нови пријателства.

Табла, дружење и хуманост – таблаџиски поздрав од таблаџиите!

Слични Објави