„СО ЉУБОВ ЗА НИКОДИМ“ ПРИЛЕПСКО-БИТОЛСКА ХУМАНИТАРНА ДРУЖБА (ВИДЕО)
Синоќа во Клуб Калинка прилепските бендови The Hounds, Banda Bend, The Dreamers засилени со Sioto Jazz од Битола, свиреа за малиот Никодим, „Со љубов за Никодим“. Повеќе од 100тина прилепчани присуствуваа на оваа хуманитарна забава, а голем дел кои што немаа време, само на кратко застануваа да донираат.
На влезот од Калинка се продаваа и рачно изработени картички од Андријана Дукоска со истата цел.
Иницијатор на овој настан беше актерот Илија Волчески. Огромна благодарност до сите што помогнаа овој настан да се реализира и до сите што донираа. На малиот Никодим му посакуваме безброј детски насмевки и што побрзо да биде добар.