ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ДАВИД КАРАПЕЕВ СО ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА „ЗАГРЕБ ОПЕН“

Боксерот Давид Карапеев од Боксерскиот клуб „АС Прилеп“ освои златен медал на меѓународниот турнир „Загреб Опен“, кој се одржа во Загреб, Хрватска.

Карапеев во финалната борба го совлада домашниот боксер и го освои првото место на турнирот.

Успех за младиот прилепски боксер и уште еден убав резултат за БК „АС Прилеп“ на меѓународната боксерска сцена.

Честитки за Давид!

Слични Објави