НОВ СОСТАВ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА КРИВОГАШТАНИ

Согласно Законот за младинско учество и младински политики, а врз основа на одлука на Советот на Општина Кривогаштани, започнува со работа новиот состав на Локалниот младински совет на Кривогаштани.

Советот ќе го претставува гласот на младите и ќе биде простор за иницијативи, предлози и идеи за подобрување на младинскиот живот во општината.

Новиот состав го сочинуваат:

Петар Јошески – претседател, претставник на Здружението на млади „Урбано Гнездо“ – Кривогаштани

Филип Попоски – заменик-претседател, претставник на Здружението „Про Локал“

Теодора Шипинкоска – претставничка на СДММ ОК Кривогаштани

Христина Бојоска – претставничка на Здружението на млади „Урбано Гнездо“ – Кривогаштани

Теодора Бунеска – претставничка на „Црвена Младина“ ОК Кривогаштани

Локалниот младински совет ги повикува младите од општина Кривогаштани да ги споделуваат своите идеи, предлози и иницијативи.

Слични Објави