Катерина Јорданоски од КК Бонсаи на Светското првенство во Полска

Катерина Јорданоски, членка на Карате клубот Бонсаи од Прилеп, ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во карате, кое од 14 до 18 октомври ќе се одржи во Бјелско-Бјала, Полска.

Јорданоски ќе настапи во јуниорска конкуренција во категоријата до 48 килограми, каде ќе се соочи со каратистки од целиот свет.

Настапот на светското првенство е значаен успех за младата каратистка, но и за КК Бонсаи, од каде велат дека нејзиното учество е резултат на посветеноста и континуираната работа.

Од клубот ѝ посакуваат успешен настап и добар резултат на светската сцена.

Слични Објави