„Сеишин“ Прилеп со 7 натпреварувачи освои 7 медали на меѓународен турнир

На Меѓународниот меморијален турнир во џудо кој се одржа на 11 април 2026 година во Тирана, Албанија, џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп настапи со седум натпреварувачи и освои исто толку медали – две златни, две сребрени и три бронзени, постигнувајќи извонреден успех.

Турнирот беше наменет за деца, помлади пионери, пионери и кадети, а на него учество зедоа околу 25 клубови од четири држави – Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.

Највисокото одличје го освоија Елдина Пупаловиќ и Теодора Илиоска, кои со сигурни и квалитетни настапи се закитија со златни медали. Сребрени одличја освоија Тамара Илиоска и Дила Пупаловиќ, додека бронзени медали им припаднаа на Арсениј Димески, Габриел Илиоски и Иван Јошески.

Од клубот „Сеишин“ истакнуваат дека се задоволни од постигнатите резултати, нагласувајќи дека континуираната работа и посветеност на младите џудисти носи видливи резултати. Овој успех претставува уште една потврда за квалитетната работа на клубот и напредокот на џудото во Прилеп.

🥇 Елдина Пупаловиќ – 1 место

🥇 Теодора Илиоска – 1 место

🥈 Тамара Илиоска – 2 место

🥈 Дила Пупаловиќ – 2 место

🥉 Арсениј Димески – 3 место

🥉 Габриел Илиоски – 3 место

🥉 Иван Јошески – 3 место

Слични Објави