Сеишин-Прилеп со 8 медали на меѓународен џудо турнир во Грција



На 2 ноември 2025 година, во Верија, Грција, се одржа меѓународниот турнир во џудо во организација на ЏК „Вергина“. На силната меѓународна конкуренција настапи и Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп, кој блесна со одлични резултати – осум медали од исто толку натпреварувачи.

Младите прилепски џудисти освоија вкупно 8 медали, од кои 3 златни и 5 бронзени:

Златни медали:

  1. Марко Андрејевски
  2. Петар Ангелески
  3. Стефани Ристеска

Бронзени медали:
4. Христијан Бунески
5. Габриел Илиоски
6. Милан Крнче
7. Владимир Крнче
8. Стефан Петкоски

Од клубот истакнуваат дека се особено задоволни од настапот, бидејќи дел од младите натпреварувачи првпат се соочуваат со меѓународна сцена. Тимот го предводеше тренерот Марио Тошески, кој изрази гордост за дисциплината и борбениот дух на своите џудисти.

„Сеишин“ продолжува со интензивни подготовки и веќе за следниот викенд ги очекува нов натпреварувачки предизвик.

Слични Објави