РК Прилеп со бод против Тиквеш по драматичен финиш
РК Прилеп и Тиквеш одиграа нерешено 28:28 во натпреварот од третото коло на Суперлигата, кој донесе драматичен финиш.
Прилепчани имаа шанса за победа, но гостите со последниот гол на Кастратовиќ успеаја да се спасат од пораз и да освојат бод.
По трите одиграни кола, РК Прилеп е во втората група екипи со по пет освоени бодови, зад Алкалоид и Вардар, кои имаат максимални шест.
Во рамките на четвртото коло, Прилеп во петок гостува во Охрид, каде ќе игра против директниот конкурент. Натпреварот е закажан за 19:45 часот во спортската сала „Билјанини извори“.



