|

БАСКЕТЧИСКИ ВИКЕНД ВО БИТОЛА

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС И ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА „ТУРНИР ВО БАСКЕТ 3 Х 3 “ – 2024 ГОДИНА

Врз основа на член 49 став 2 и 4 од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11) , член 54 од Статутот на Општина Битола и Измени и дополнување на програмата за активности во областа на спортот и младите бр.09-60/14 од 09.07.2024 Општина Битола, објави јавен повик за искажување на интерес и прибирање на барања за организирање на „Турнир во Баскет 3 Х 3 “ – 2024 година. Распределба на средствата наменети за организација на Турнирот се планирани во Буџетот на Општина Битола за 2024 година, во Програма за активности во областа на спортот и младите во општина Битола за 2024 година

фондации.

„Турнирот во Баскет 3 Х 3“ – 2024 година, ќе се одржи во период од 31 август – 1 септември 2024 година, на платото пред Офицерскиот дом во Битола.

Јавниот повик за избор ќе трае од 22.07.2024 до 26.07.2024 година, по кој период Комисијата за избор ќе го извести избраното Здружение.

Повеќе информации за повикот, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/…/07/Javen-povik-3%D0%A53.pdf

Слични Објави