Најмалите во посета на музејот во Прилеп
Најмладите посетители денеска имаа можност да се запознаат со дел од етнолошкото наследство на Прилеп.
НУ Завод и Музеј – Прилеп ги посетија децата од градинката „Добре Јованоски“, кои ја разгледаа Етнолошката поставка и непосредно се запознаа со предмети и обичаи кои се дел од традицијата на нашиот крај.
Од Заводот и Музејот велат дека ваквите посети овозможуваат најмладите уште од рана возраст да се запознаваат со културното наследство.
Посетата помина во пријатна атмосфера, со интерес од децата за експонатите и приказните што ги носат со себе.


