„Гентерм“ одбележа 10 години во Прилеп – 10 години инвестиции, работа и развој
Компанијата „Гентерм“ одбележа 10 години од своето работење во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Прилеп. Во изминатата деценија, компанијата прерасна во значаен дел од локалната економија, обезбедувајќи работни места и можности за професионален развој на граѓаните.
По повод јубилејот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека присуството на „Гентерм“ има значење не само за вработувањето, туку и за развојот на локалната економија.
„За Прилеп, значењето на „Гентерм“ е пред сè во работните места и можностите што од 2016 година континуирано ги создава за нашите сограѓани, но и во инвестициите, новите технологии и соработката со локалниот бизнис сектор“, посочи Проданоски.
Од Општина Прилеп нагласуваат дека и понатаму ќе продолжат да бидат партнер на компаниите кои инвестираат, се развиваат и создаваат нови можности за граѓаните.
Воедно, беше истакната и општествената одговорност на „Гентерм“, која преку поддршка на образованието, младите, спортот, културата и други локални иницијативи придонесува за заедницата.
Јубилејот од 10 години работење беше одбележан со честитки до вработените и менаџментот на компанијата, со желби за понатамошен развој, нови инвестиции и нови работни места во Прилеп.


