Општина Новаци повторно ќе ја плати школарината за студентите од прва година
Општина Новаци и оваа година продолжува со мерката за финансиска поддршка на младите и образованието, преку покривање на школарината за сите студенти од прва година од општината, запишани на државните универзитети на прв циклус студии.
Од Општина Новаци информираат дека мерката се реализира и оваа година, со цел да им се помогне на младите од општината во продолжувањето на нивното високо образование и да се создадат подобри услови за нивниот образовен развој.
„Со оваа мерка продолжуваме да вложуваме во младите, образованието и иднината на нашата општина. Заедно вложуваме во знаење. Заедно градиме иднина“, велат од Општина Новаци.
За остварување на правото на финансиската поддршка, студентите треба да достават потврда од факултет дека се редовни студенти, копија од лична карта и трансакциска сметка.
Документацијата се поднесува во Општина Новаци.


