Во Прилеп денес свечено се отвора новиот гастрономски објект „Лезет“
Денес во Прилеп, на адреса ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 11, кај Кам – Точила, свечено ќе биде отворен новиот објект за домашно подготвена храна „Лезет“.
Отворањето претставува почеток на нова гастрономска приказна, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со понудата која се темели на домашни готови јадења, свежи и квалитетни состојки и разновидно дневно мени, подготвувано секој ден.
Од „Лезет“ истакнуваат дека нивната мисија е на гостите да им го понудат вкусот на домашната кујна, со акцент на квалитетот и традиционалните рецепти.
Свеченото отворање ќе се одржи денес, 5 август, а организаторите ги покануваат сите граѓани да бидат дел од настанот и заедно да го одбележат почетокот на работата на новиот локал.
Мотото на „Лезет“ е: „Вкус што се памети, квалитет што се избира.“



