Привремено се укинуваат неколку железнички линии кон Гевгелија и Битола
Поради работи на пругата Скопје–Велес привремено се укинуваат повеќе возови кон Гевгелија и Битола
Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура соопшти дека од 22 јуни до 1 јули 2026 година привремено ќе бидат укинати повеќе патнички возови на релациите кон Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи на пругата Скопје–Велес.
Во периодот на изведување на работите нема да сообраќаат следните возови:
Скопје – Гевгелија
- Воз 611 (06:20)
- Воз 631 (16:55)
Гевгелија – Скопје
- Воз 630 (04:30)
- Воз 632 (17:02)
Скопје – Битола
- Воз 641 (07:06)
- Воз 645 (20:05)
Битола – Скопје
- Воз 640 (03:10)
- Воз 644 (18:22)
Битола – Велес
- Воз 642 (12:46)
Велес – Битола
- Воз 643 (15:25)
Скопје – Велес
- Воз 2083 (22:40)
Велес – Скопје
- Воз 600 (05:00)



