„МојДДВ“ повторно во функција – граѓаните можат да продолжат со скенирање на фискалните сметки
Популарната апликација „МојДДВ“ на Управата за јавни приходи повторно е целосно функционална и достапна за сите корисници.
Граѓаните од денеска непречено можат да продолжат со скенирање на фискалните сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност (ДДВ).
Апликацијата привремено не беше во функција поради технички прилагодувања и надградба на системот. По успешно завршените активности, системот е повторно активен и достапен за корисниците на Android и iOS уредите.


