Tешка сообраќајна несреќа кај клучката на експресниот пат Прилеп – Градско – Две лица загинаати, едно тешко повредено

Две лица го загубија животот, а едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила денес околу 13:20 часот на експресниот пат Прилеп – Градско, во близина на клучката кај Кавадарци.

Според информациите од Итната медицинска помош Кавадарци, се работи за директен судир помеѓу две патнички возила. Во едното возило животот го загубиле две лица – маж и жена, додека во другото возило е повреден 39-годишен маж од Прилеп, кој со тешки повреди е пренесен во Општа болница Кавадарци.

Eкипите веднаш интервенирале по добиениот повик, а на местото на несреќата интервенирале и пожарникари кои помогнале при извлекување на повреденото лице од возилото.

Засега нема официјални информации за идентитетот и возраста на загинатите лица. Од надлежните институции се очекуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Сведоци кои се нашле во близина велат дека итните служби пристигнале брзо и интервенирале во исклучително тешки услови.

Причините за несреќата се уште се утврдуваат.

Слични Објави