Од 3 до 6 август – Затворање на дел од патот Градско – Прилеп
Од 3 август, делница од патниот правец Градско – Прилеп ќе биде целосно затворена за сообраќај, информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“.
Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “ Лукоил” до клучка кај бензинска станица “ Салида “), ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03 август (недела) од 07.00 часот до 06 август (среда).
Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. стои во соопштеието од „Македонијапат“.



