„Девојките на Марко“ наскоро премиерно на сцената на прилепскиот театар
Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“, работена според култниот француски текст „Боинг Боинг“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Ефтимов.
Премиерата е најавена за крајот на мај и претставува втора премиера од годишната програма на театарот за 2026 година.
„Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 година и до ден денес успешно „живее“ на сцените ширум светот. Она што е фасцинантно околу овој текст е што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмногу поставуван француски текст воопшто. Според режисерот Синиша Ефтимов, во прилепската веерзија во „Девојките на Марко“ има асимилација на ликовите и топонимите, а дејствието е современо и модерно.
– Прилeп од иднината или подобро кажано Прилеп од паралелен универзум. Заплетот ќе биде многу едноставен и проектиран околу животот на еден успешен млад човек, Марко, неговите проблеми со три девојки, со кои тој се забавува, во прецизно време, внимателно испланирани, со цел тие никогаш да не се сретнат. Сите три се стјуардеси со свои планови з алетање, кои не с епоклопуваат, се разбира до кобниот ден кога тоа ќе се случи….
Претставата ќе биде за ведрата страна на животот, за пријателствата, нивните значења во моментите кога го одредуваат патот во остатокот од животот.
Претстава која ќе донесе свежина во репертоарот на прилепскиот театар – вели во експликацијата за претставата режисерот Ефтимов


