„Footscray низ мојот објектив“ – Тони Геџо
На 6-ти јуни (четврток) во 18 часот, во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на улична фотографија инспирирана од динамичните улици и луѓе на квартот Footscray, Австралија. Авторот Тони Трипуноски – Геџо, прилепчанец кој живее и работи во Австралија, преку својот објектив претставува автентични сцени од секојдневието.
Изложбата, која е насловена „Footscray низ мојот објектив“, претставува не само визуелна приказна туку и емотивен мост меѓу два различни света – македонскиот корен и мултикултурниот австралиски урбан простор.

Настанот ќе биде збогатен со музика, пријатни муабети и позитивна атмосфера, а влезот за посетителите е слободен.
Оваа изложба претставува одлична можност за љубителите на фотографијата и урбаната култура да видат како изгледа светот низ објективот на еден прилепчанец. што сè уште со срце припаѓа на својот град, без разлика каде живее.



