ЕХО патува во Прилеп – Вечер на планински филмови во Варош

Во рамки на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, и оваа година во Прилеп ќе гостува ЕХО фестивалот на планински филм со вечер посветена на авантуристички и инспиративни филмски приказни од светот на планината и природата.

Проекцијата ќе се одржи во петок, на 15 мај 2026 година, во црквата „Св. Никола“ во населбата Варош, со почеток во 20 часот.

Публиката ќе има можност да ја проследи следната филмска програма:

  • „Патување на животот“ – режија: Жером Танон (Франција, 2024, 44 минути)
  • „Патагонија: достигнат врв“ – режија: Денис Лукјанчук (Казахстан, 2024, 38 минути)
  • „Најдобриот ден досега“ – режија: Бен Најт и Берн Броуди (САД, 2025, 48 минути)

Покрај филмските проекции, посетителите ќе можат да присуствуваат и на презентација на најновите две книги од издавачката дејност на ЕХО фестивалот.

Настанот претставува спој на филмската уметност, природата и авантуристичкиот дух, носејќи дел од светската планинарска и документарна сцена пред прилепскат

Слични Објави