20-та Седница на Советот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион – избран нов градоначалник за претседател
Денес во кабинетот на Општина Могила се одржа 20-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. На оваа средба, како дел од дневниот ред, се разгледуваше и одлуката за избор на нов претседател на Советот.
Со едногласна поддршка, за нов претседател беше избран градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски. Посебна благодарност беше упатена до досегашниот претседател, градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, за неговото успешно раководење и придонес во развојот на регионот.
Оваа седница означува континуитет во соработката меѓу општините на Пелагонискиот регион и заложба за идни проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот на локалното население.