Пронашле новчаник со многу пари и документи – и без двоумење ги вратиле

Дали чесноста денес станува реткост? Две приказни што ја враќаат вербата во луѓето

Во време кога секојдневно сме опкружени со негативни вести, недоверба и чувство дека луѓето сè повеќе гледаат само личен интерес, две случки деновиве потсетија дека чесноста, совеста и човечноста сè уште постојат.

Пред неколку дена, жител на Прилеп, кој сакаше да остане анонимен, пронашол новчаник со поголема сума пари, лични документи и вредни предмети. Наместо да го задржи, веднаш започнал да го бара сопственикот и по кратко време успеал да му го врати новчаникот со сè што имало во него.

По кратко пребарување и контактирање преку документите што се наоѓале во новчаникот, успеал да стапи во контакт со лицето кое го изгубило. Новчаникот бил вратен во целост, со сè што имало во него.

„Тоа не беше мое. Знам колку е тешко кога ќе изгубиш документи и пари. Не размислував поинаку .Не е мое за да го земам. Секој може да се најде во таква ситуација. Денес јас враќам, утре можеби некој ќе ми помогне и мене. Добрината со добро се враќа“, изјавил прилепчанецот кое го направило овој хуман гест.

Но ова не е единствениот пример што ја разбуди јавноста.

Во Велес, 14-годишниот Илија Гигов, на пат кон училиште, пред филијала на банка пронашол книшка со дури 46.000 денари – сума која за многумина би претставувала големо искушение.

Наместо да ги земе парите, Илија веднаш ги известил своите родители, а потоа случајот бил пријавен и во полиција. Благодарение на неговата искреност и зрелост, парите брзо биле вратени кај вистинскиот сопственик.

Овој потег предизвика бројни позитивни реакции, бидејќи станува збор за дете кое покажало вредности што денес честопати недостасуваат и кај возрасните.

Овие две приказни, иако различни, носат иста порака – чесноста нема цена.

Психолозите често велат дека малите добри дела имаат огромно влијание врз општеството. Еден ваков гест може да врати надеж, доверба и чувство дека не сме ја изгубиле човечноста.

Во време кога честопати сме поделени по различни основи, можеби токму ваквите примери треба да добиваат повеќе внимание – не поради сензација, туку поради потсетување дека чесноста, иако тивка, сѐ уште постои.

Можеби токму затоа ваквите вести треба почесто да бидат слушнати. Не поради сензација, туку затоа што потсетуваат дека општеството не го градат само големите зборови, туку и малите добри дела.

Еден анонимен прилепчанец и едно 14-годишно момче од Велес деновиве направија нешто што за некого е „обична“ постапка, но за многумина – вистински пример како треба да се биде човек.

А вие?

Ако пронајдете новчаник, телефон или поголема сума пари – дали би ги вратиле?

Слични Објави