|

МОН го објави Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година. Според конкурсот, пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку системот за електронски услуги на МОН (https://euslugi.mon.gov.mk), со најавување преку платформата schools.mk.

Во јунскиот уписен рок ќе бидат спроведени две пријавувања, додека во августовскиот рок ќе има едно дополнително пријавување за преостанатите слободни места. Прво електронско пријавување: од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година. Доставувањето на потребната документација до средните училишта ќе се одвива на 18 и 19 јуни, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени на 20 јуни 2025 година. Второ електронско пријавување: на 30 јуни 2025 година, додека доставувањето на документите ќе биде на 1 јули. Официјалните ранг-листи ќе бидат објавени на 2 јули 2025 година. Августовски уписен рок: ќе се одржи на 21 август 2025 година.

Во конкурсот детално се наведени условите за запишување на учениците, вклучувајќи го минималниот број на поени потребни за пријавување, како и документацијата што треба да се достави во избраното училиште по успешното електронско пријавување. Исто така, објавени се насоки за спроведување на конкурсот со цел да се обезбеди транспарентен и праведен процес на селекција на учениците. Министерството апелира до сите родители и ученици навремено да се информираат за конкурсот и да го следат официјалниот систем за пријавување. Дополнителни информации може да се најдат на веб-страницата на МОН.

Слични Објави