|

Нестабилно време до крајот на неделата – дожд, грмежи и ветер

Под влијание на плиток циклон, во наредните денови не очекува нестабилно време со честа појава на врнежи од дожд со променлив интензитет. Според метеоролошките најави, времето ќе биде променливо облачно, а особено во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува пороен дожд, локални грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде најизразена во западните и централните делови на земјата, каде се можни и услови за локални невремиња. Граѓаните се советуваат да внимаваат при движење на отворено, особено во периодите кога ќе има електрични празнења и засилен ветер. Според прогнозите, ваквиот тип на време ќе се задржи до крајот на неделата, по што се очекува постепено стабилизирање.

Слични Објави