24 медали за „Бонсаи“ – Прилеп во Охрид
Вчера, на меѓународниот карате турнир Охрид Опен 2026, натпреварувачите на КК Бонсаи – Прилеп постигнаа извонреден успех, освојувајќи вкупно 24 медали.
Со одлични настапи, високо ниво на дисциплина и изразен борбен дух, тимот се претстави во најдобро светло, освојувајќи признанија во повеќе категории. Овој резултат претставува јасен показател за напорната работа, посветеноста и континуираниот напредок на каратистите.- велат од клубот
Турнирот уште еднаш се потврди како значаен спортски настан, а освоените 24 медали се силна мотивација за идни успеси и нови предизвици.




