Седница на Совет на НСОН – можен штрајк, ако има отпуштања во образованието
Денес се одржа седниц на, Советот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН), на која се разгледа најавената оптимизација во основните и средните училишта, изразувајќи сериозна загриженост за можните последици врз вработените.
Од синдикатот информираат дека внимателно ја следат состојбата и најавуваат дека во наредниот период ќе побараат целосна и детална анализа од Министерство за образование и наука, со цел да се утврди дали тврдењата дека нема да има губење на работни места се навистина издржани.
Советот на НСОН донесе одлука да обезбеди правна помош за секој свој член на кого евентуално би му било загрозено работното место.
Дополнително, едногласно е изгласана одлука синдикатот да одговори со штрајк доколку дојде до прогласување технолошки вишок и отпуштања во образовниот сектор.
Од НСОН порачуваат дека ќе останат будни и подготвени за сите понатамошни чекори со цел заштита на правата на вработените во образованието.


