ХУМАНИТАРЕН НАСТАН КАЈ КАЈ ГРАДСКИОТ САТ НА ЛАЈОНС КЛУБ ПРИЛЕП(ФОТО)
По повод денешниот празник Св.Никола, Лајонс Клуб Прилеп, во центарот на градот организираше ликовна активност за која клубот набави штафелаи и прибор за цртање. Деца од основните училишта Добре Јованоски и Кире Гаврилоски, под менторство на наставничките Маја Најдоска и Анита Сот Сотироска, цртаа цртежи.
За посетителите да се стоплат, имаше варено вино.Сите цртежи што ги нацртаа децата, се продадоја. а собраните средства, како и донациите собрани во поставената кутија,ќе бидат донирани за лекување во Турција, на дете болно од церебрална парализа.
фото: Фејсбук