Цветници – Обичаи и верувања за празникот

Цветници е „подвижен празник“, затоа што не се слави на датум, туку датумот зависи од Велигден, а цела недела се нарекува „цветоносна“.

Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден. Се слави секогаш во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со масли­нови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица  секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.  

Обичаи што носат благосостојба

Еден од најпознатите обичаи е поврзан со рано станување и берење цвеќиња, особено ако децата учествуваат во него.

Набраните цвеќиња се ставаат во сад со вода, а потоа членовите на домаќинството се мијат со таа вода. Според народното верување, овој ритуал носи здравје, убавина и благосостојба во текот на целата година.

Нашите предци рекле дека оној што ќе се измие со вода со цвеќиња ќе биде „убав како цвет“ и ќе има среќа во животот.

  • раздавале цвеќиња, особено зеленика и дафино, кои се чувале пред иконата како свети нешата. Копривата и врбата се сметаат за симбол на овој ден и тоа е прасловенски сурвивал.
  • Причестување во црква, но свечено облечени. Младите невести, заедно со свекрвите оделе на причесна, но прво се причестувало дете до 5 – 6 години, а потоа и таа. Ако невестата нема деца, ќе си земела некое дете од роднините
  • Кога се оди на гости, по пат се допираат поминувачите до секоја чешма, која е на пат или извор.
  • Играње оро (девојките), а мажите играле само ако имало тапан
  • Во црква раздаваат цвеќе (над кое е пеана молитва)
  • китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден.
  • се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ракија и слично.
  • Се берат качунки, петопрс, здравец и други цвеќиња
  • Се китат со цвеќе и здравец, пеење, игра
  • Кошкањето на децата е обичај, со кој за децата „обезбедуваат“ здравје. Имено, сите ги дигале дечињата, ги подтурнувале, да се нишаат, но да останат на нозе „како што се нишаат врбите, како што се ниша житото“, но не паѓа.

Имендени кои се слават се: Цвета, Цветан,Цветко,Целе и сите имиња, кои означуваат цвеќе, како Трендафил, Каранфил, Роза, Ружа, Босилка, Невена, Јасмин, Јасмина, Виолета…

Девојките одат по ливадите со кошничка и берат лековити треви и прават толку цветни кивчиња колку што има членови во нивното семејство и една поголема китка за пред икона (велат „за куќата“).

По берењето на цвеќињата и при правењето на китчињата, младите невести, девојките и девојчињата пеат:

Ајде Цвето на цвеќе, Лазаре

Цвеќе да си береме, Лазаре,

Китки да си китиме, Лазаре,

Кому китка по китка, Лазаре,

На Лазара пет китки, Лазаре.

Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат (ретко со присуство на инструменти, туку најчесто самите сѝ пееле, а ритамот се држел со звецкање на накитот и пафтите).

Слични Објави