(ВИДЕО) Промовиран романот „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски во Прилеп
Синоќа во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп се одржа промоцијата на најновиот роман на македонскиот писател Венко Андоновски, насловен „Александар на пат кон запад“.
За делото говореше промоторката Габриела Станоевска-Стојаноска, чиј осврт се одликуваше со особена темелност и широчина. Низ подолгото излагање, публиката имаше можност не само да се запознае со романот, туку и да освежи дел од своите познавања од областа на книжевната теорија – од сатира и иронија, па сè до пошироки поимни разграничувања. За момент, настанот доби и карактер на импровизиран академски час, што за дел од присутните претставуваше дополнително, неочекувано „надградување“.
Делови од книгата читаше актерот Александар Тодески, кој се обиде да ја доближи атмосферата и пораката на делото до публиката.
Настанот привлече љубители на литературата, кои имаа можност одблиску да се запознаат со најновото творештво на Андоновски и да уживаат во книжевната вечер.


