|

Комедија „Сваќи“ на сцената во Кривогаштани

Во недела, на 29 март, во Мулти функционаланата сала во општина Кривогашатани, љубителите на театарот ќе имаат можност да ја проследат претставата „Сваќи“ – дело кое ветува спој на традиционалниот македонски хумор и енергијата на новата генерација.

Станува збор за драмски текст создаден пред повеќе од триесет години од авторот Коста Хасану – КОКО, кој воедно ја напишал и ја изведувал претставата. Денес, ова дело добива нов живот преку свежата и креативна режисерска поставка на професорката Надица Нане, заедно со младите и талентирани актерки од СОУ „Наум Наумовски-Борче“.

Претставата „Сваќи“ нуди современ пристап кон традиционалниот хумор, збогатен со енергијата и ентузијазмот на новата генерација, ветувајќи вечер исполнета со смеа, позитивна атмосфера и вистинско уживање за сите генерации.

„Ве покануваме да бидете дел од овој културен настан, кој претставува значаен придонес кон развојот и збогатувањето на културниот живот во Општина Кривогаштани.“

Во текот на вечерта ќе се продава и книгата „Ѕвездите светат бесконечно“, во издание на Книжевниот кружок „Васил Иљоски“, посветена на трагедијата во Кочани. Книгата ќе биде достапна по цена од 200 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарна помош на повредените.

Слични Објави