Граѓаните да го проверат својот даночен статус за 2022 година
Граѓаните да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2022 година што Управата за јавни приходи ги постави на Годишните даночни пријави за 2022 година на корисничките профили во „е-Персонален данок“, за вкупниот доход кој го оствариле во текот 2022 година. Секој кој е регистриран на системот „е- Персонален данок“ е должен на својот кориснички профил да ја прегледа Годишната даночна пријава за 2022 година и да ја потврди доколку се согласува со податоците содржани во неа, или пак да ја коригира доколку смета дека податоците не се точни.
Рокот за потврда или корекција на даночната пријава е 31 мај 2023 година. Сите потврдени или коригирани пријави ќе се сметаат за конечни, додека по коригираните даночни пријави ќе се одлучува во рок од 60 дена.
Ујп исто така апелираат, граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.
Проверете го својот даночен статус за 2022 година и коригирајте или потврдете го во најкраток можен рок. Користењето на системот “е-Персонален данок” има многу придобивки, па апелираме до вас да го искористите овој начин на електронско поднесување на даночните пријава.
Извор – УЈП