Прилепчанец возел без дозвола и се судрил со полициско возило
21-годишен прилепчанец без возачка дозвола се судрил со полициско возило, при што била причинета материјална штета.
На 24.03 2026 во 11:30 часoт во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш. од Прилеп. Претходно, на крстосница од улица ‘Кузман Јосифоски’ со улица ‘Ладо Лапецот’ во Прилеп, тој со возилото ‘опел’ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со службено патничко возило на МВР ‘пежо’,
управувано од В.И. (31) од прилепско, во која била причинета материјална штета“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, констатирано е дека Е.Ш. возел без дозвола, па по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.



