„Спас за Прилеп“ повикува на ЈАВНА РАСПРАВА
Граѓанската иницијатива „Спас на Прилеп“ ги повикува сите заинтересирани граѓани од Прилеп и околината да присуствуваат на јавна расправа по студијата за влијание врз животната средина за најавениот проект, за заеднички да се слушнат аргументите и да се види што ќе биде презентирано пред јавноста.
Јавната расправа во Прилеп ќе се одржи во вторник (10 март) со почеток во 12:00 часот во просториите на Градска библиотека Марко Цепенков.
Дополнително, расправа ќе се одржи и во Битола на 12 март (четврток) во 12:00 часот во општинската сала.
Од „Спас на Прилеп“ апелираат граѓаните да присуствуваат во што поголем број за да се информираат и активно да учествуваат во дискусијата за прашањата поврзани со животната средина.





