Општински натпревари во одбојка за основните училишта: „Кочо Рацин“ триумфира
Денес во спортската сала при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп завршија општинските натпревари во одбојка за девојки од основните училишта.
На турнирот учествуваа екипите од:
- ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
- ООУ „Кире Гаврилоски“ – Прилеп
- ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп
- ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп
- ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп
- ООУ „Страшо Пинџур“ – М. Коњари
- ООУ „Ѓорче Петров“ – Ропотово
- ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп
Во силна конкуренција, првото место и пласманот на зонските натпревари го освои екипата на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.


